Во средата во Белград беше одржана промоцијата на документарниот филм „Чилеанци“ на српскиот новинар Града Бранковиќ, филм кој беше посветен на славната млада репрезентација на поранешна Југославија, која во 1987 година во Чиле ја освои светската титула.
Ова беше совршена шанса легендите на хрватскиот фудбал, Давор Шукер, Звонимир Бобан и Роберт Јарни да се сретнат со своите поранешни соиграчи Предраг Мијатовиќ, Гордан Петриќ и Бранко Брновиќ на промоцијата на филмот во „Мадленианумот“ во Белград.
Таму се потсетија на починатите членови на генерацијата, Зоран Миуциќ и Дубравко Павличиќ, а тогашниот селектор Мирко Јозиќ во филмот се потсетуваше на нив со солзи во очите. Претседателот на Хрватската фудбалска федерација (ХНС), Шукер вели дека чилеанскиот успех оставил голем траг во кариерата на сите учесници.
„Да можам, би платил тоа повторно да ми се случи. Сите сонувавме и таа импресија би требало да ја почувствуваат и сегашните деца. Со Мијатовиќ веднаш се договорив да помогнеме на сите“, вели Шукер.
ЈУГОСЛАВИЈА У21 1987: Драгое Лековиќ, Бранко Брновиќ, Роберт Јарни, Дубравко Павличиќ, Славољуб Јанковиќ, Игор Штимац, Зоран Миуциќ, Звонимир Бобан, Роберт Просинечки, Милан Павловиќ (капитен), Предраг Мијатовиќ, Томислав Пиплица, Давор Шукер, Гордан Петриќ, Перо Шкориќ, Дејан Антониќ, Славиша Ѓурковиќ, Ранко Зироевиќ. Селектор: Мирко Јозиќ.