Top Sport

Селекторот на Северна Ирска прво на суд, после на бараж

Селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Ирска, Мајкл О’Нил се изјасни како виновен за возење под дејство на алкохол пред судот во Единбург, Шкотска.

О’Нил бил „фатен“ со трипати повеќе алкохол во крвта од дозволеното во близината на Единбург, за што доби казна од 1.300 фунти и одземање на возачката дозвола во следните 16 месеци.

„Тој едноставно направи лоша проценка“, изјави адвокатот на О’Нил, Џејмс Малгру.

О’Нил во моментов има поважна работа од возењето автомобил, бидејќи ја подготвува репрезентацијата на Северна Ирска за тешкиот бараж-дуел со Швајцарија за пласман на Светското првенство во 2018 година. Во својата играчка кариера, О’Нил настапи 31 пат за Северна Ирска постигнувајќи четири гола, а играше и за Њукасл, Данди јунајтед и Хибернијан.

Scroll to Top