Аргентина конечно ќе стави крај на компликуваниот систем за испаѓање од лигите, според кој досега од лигата испаѓаа клубови со најмалку поени освоени во последните три години, потврди претседателот на Аргентинската фудбалска федерација, Клаудио Тапија.
Системот познат како „промедиос“ кој се користи и во други јужноамерикански нации ќе биде целосно исфрлен до 2021 година, но Тапија не објави дали ќе има конвенционален систем на испаѓање.
Покрај ова, Тапија најави целосна промена на вторите и третите лиги во Аргентина, како и кревање на забрана на носење на гостински натпревари за одредени дуели.
„Ова се промени кои се потребни за професионализација на аргентинскиот фудбал“, изјави Тапија.