Top Sport

Саинс е нов лидер на Дакар релито (видео)

Шпанскиот двократен ВРЦ шампион, Карлос Саинс го презеде водството на Дакар релито од колегата од Пежо, Стефан Петерхансел, откако актуелниот шампион удри во карпа и загуби час и 45 минути во поправки.

Саинс, таткото на актуелниот возач на Рено, Карлос Саинс Јуниор, победи на етапата од 425 километри од Ла Паз до Ујуни за да води со еден час и 11 минути пред Катарецот во Тојота, Насер Ал-Атијах. Петерхансел, кој водеше со 27 минути пред Саинс етапата ја заврши како трет во генерален пласман со 1:20 заостанување.

Во пласман на мотоцикли, Адријан ван Беверен во Јамаха го врати водството во генерален пласман од Аргентинецот Кевин Бенавидес (Хонда) и сега има 3:14 предност.

Во недела на програмата е најдолгата етапа на релито, 498 километри од Ујуни до Тупиза, а дел од етапата се вози на песочни дини на надморска височина од 3.500 метри.

Scroll to Top