Top Sport

Заниоло за детето со топката кое стана симбол на маките: Ќе те најдам!

Фотографијата  на весникот „Кориере дела сера“ на која едно момче во дрес на Рома игра на празните улици на Милано стана симбол на маките кои ги поминуваат Италијанците со корона вирусот и во исто време побуди бура емоции кај младиот Николо Заниоло, чиј дрес го носеше момчето.

„Оваа фотографија навистина ме импресионираше! Не знам кој си, но горд сум што го носиш мојот дрес. Знам дека сега е тешко и чудно да се игра фудбал сам во празен град, но изддржи уште малку и кога сѐ ќе заврши знам дека ќе ми пратиш уште една фотографија на која ќе играш со другарите. Те чекам во Тригорија! Благодарам ’Кориере’ за фотографијата“, напиша Заниоло на својот Инстаграм профил.

Фотографијата беше споделена илјадници пати на социјалните мрежи бидејќи покрај тоа што покажува колку е сменет животот поради корона вирусот во Италија, каде што има над 11 илјади мртви од болеста, фудбалската страст не е загубена.

Scroll to Top