Top Sport

Претседателот на Хетафе: Некои клубови едвај чекаа да ги скратат платите

Претседателот на Хетафе, Анхел Торес вели дека неговиот клуб нема да ги користи таканаречените „ЕРТЕ“ договори во Шпанија, со што договорите на фудбалерите би станале на одредено време со намалување на платата и верува дека другите клубови избрзале со ваква одлука.

Торес тврди дека сите клубови во Ла лига веќе ги добиле парите од ТВ-правата за до крај на мај, со што нема потреба за итно намалување на платите. Барселона, Атлетико Мадрид и Еспањол, дефинитивно поголеми клубови од Хетафе, веќе најавија големо кратење на платите – Барса за дури 70 отсто.

„Хетафе нема да го користи ’ЕРТЕ’. Не сфаќам зошто другите тимови избрзаа со тоа, не ја сфаќам итноста. Мислам дека едвај го чекаа тоа. Ние ги добивме парите за ТВ-правата до 30 мај. Кога ќе се вратиме на фудбал? Тоа ќе го решат лекарите и владата“, вели Торес.

Scroll to Top