Рикардо Кака во 2007 година ја доби „Златната топка“. Бразилецот со Милан ги освои најзначајните трофеи во клупскиот фудбал, за овој клуб ги врзува најубавите моменти во кариерата.
Сепак постои момент во кариерата што Кака би сакал да го заборави.
„Најлошиот момент во кариерата? Истанбул 2005 година. Повеќе ништо нема да кажам“, порачал Кака за официјалниот „Инстраграм“ профил на ФИФА.
Во 2005 година Кака и Милан беа поразени на пенали од Ливерпул во финалето во Лигата на шампионите иако на полувреме имаа предност од 3:0.