Top Sport

Ето: Ку….и синови Африка и Африканците не се заморчиња

Двајца здравствени работници од Париз на националната телевизија предложиле експерименталните лекови за коронавирусот да бидат тестирани во Африка. Од предлогот биле шокирани фудбалските ѕвезди Самуел Ето, Дидие Дрогба и Демба Ба.

„Зошто ние експерименталните лекови против коронавирусот да не ги тестираме во Африка? Таму не се носат маски, секако нема лекови, нема реанимација…Тоа во минатото се правеше со некои истражувања поврзани со вирусот СИДА. Го тестиравме на просититуки. Знаевме дека се изложени на таа болест и дека не користат заштита“, рекол Жан-Пол Мире од една клиника за реанимација во Париз.

„Да, да…колегата е во право. Размислуваме за една паралелна, експериментална студија во Африка“, го поддржал предлогот на Мире, директорот на Државниот институт за здравје, Камиј Лохт.

Ето полудел од оваа дискусија: „Слушајте вие двајца ку…и синови, ние не сме заморчиња“, напишал Камерунецот на социјалните мрежи.

„Апсолутно е неразбирливо што сѐ и понатаму мораме да трпиме. Африка не е лабораторија за тестирања. Африка и Африканците не за заморчиња. Понижувачки, расистички“, напилач Дрогба.

„Добро дојдовте на запад каде белците мислат дека се толку супериорни што расизмот станува попатна работа“, се огласил и Демба Ба.

Scroll to Top