Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос (24) вели дека отсекогаш швајцарскиот ас, Роџер Федерер му бил пример, но се трудел да го копира начинот на кој игра францускиот тениски ветеран, Жо-Вилфред Цонга.
„Роџер не ми беше идол во детството, повеќе пример во некои други погледи. Тениски идоли ми беа Гаел Монфис и Жо-Вилфред Цонга. Стилот на Цонга отсекогаш ми беше најблизок. Го сакам начинот на кој игра. Се обидував да го копирам – силни сервиси и добри форхенди. Мислам дека денес имаме сличен стил на игра“ – изјави Кирјос.
Австралиецот беше окарактеризиран како еден од најталентираните играчи во светот, но проблематичното однесување во меѓувреме го спречи да направи поголеми успеси.
Досега освои вкупно 6 трофеи, а највисоко на АТП листата стигна до 13-тото место. Моментно е на 40-тата позиција.