Top Sport

Нејмар анонимно донирал 876.000 евра, ама „неговите“ го откриле

Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар сакал анонимно да донира пари во борбата против пандемијата на коронавирусот. Сепак, бил откриен, и тоа од „своите“, од Бразилците.

Откриено било дека донаторот кој пред неколку дена уплатил 775.000 фунти (околу 876.000 евра) на сметката на UNICEF е токму фудбалерот на ПСЖ, Нејмар.

И реномираниот „ББС“ ја пренесе информацијата дека 28-годишниот Бразилец сакал да остане анонимен, но сепак се се дознало, исто како и во случаите со доанциите на Лео Меси, Кристијано Роналдо, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Нејмар во моментов е во татковината и се подготвува за продолжението на сезоната која беше прекината токму поради коронавирусот.

Scroll to Top