Легендата на Рома Франческо Тоти во интервју за „Скај Италија“ рекол дека пред крај на кариерата имал неколку понуди да го напушти клубот во кој ја мина целата кариера. Тоте ја заврши кариерата во 2017 година.
Франческо Тоти е рекордерот на Рома со 785 натпревари и 307 постигнати голови.
„Имав понуди да ја напуштам Рома на крајот од кариерата. Имав неколку понуди од Италија и од странство. Можам да кажам дека размислував да заминам, бидејќи имав идеја дека можам уште да играм фудбал. Сепак ништо немаше да ми значат уште една или две сезони на теренот, со тоа би си го уништил сонот низ целата кариера да го носам дресот на само еден тим. Доколку заминев ќе уништев се што ми беше важно во животот“, рекол Тоти.
Тоти открил дека имал понуди од САД и Обединетите Арапски Емирати но и дека челниците на Сампдорија имале конкретна понуда за трансфер.