Да може Жозе Мурињо би го заборавил своето деби во најголемото шпанско дерби „Ел Класико“. Мурињо како тренер на Реал против Барселона дебитирал на 29 ноември 2010 година. Португалецот и неговите играчи „Ноу Камп“ го напуштија со пет гола во мрежата.
Покрај Мурињо голема причина да го заборав дербито има и Кристијано Роналдо кој во текот на мечот имал мал вербален дуел со сегашниот играч на Челси, Педро.
По половина час игра, при резултат 2:0, додека се обидувал да изведе аут Роналдо го оттурнал тренерот на Барселона Пеп Гвардиола, во мешанивата која настанала Португалецот му се обратил на Педро: „Кој си ти сега?“, на што добил брутален одговор.
„Јас сум светски шампион, а ти?.