Поранешниот српски репрезентативец Александар Пријовиќ ќе биде осуден на три месеци куќен затвор, објавија белградските медиуми. Пријовиќ во петокот бил уапсен бидејќи го прекршил правилото за полициски час.
Пријовиќ бил уапсен во еден хотел во Белград по 17 часот, заедно со уште двајца пријатели.
Според медиумите тој постигнал договор со обвинителството, ја признал вината и ќе биде осуден на три месеци куќен затвор.