Лацио ќе се обиде да го донесе на „Олимпико“ Јанис Хаџи, доколку Глазгов Ренџерс не ја активираат опцијата да го купат синот на легендарниот Георге Хаџи од Генк, со што младиот фудбалер би се вратил во Серија А по настапите за Фиорентина.
21-годишниот Хаџи е фудбалер на КРЦ Генк, а замина во тимот на Стивен Џерард на позајмица со опција за купување од 5 милиони евра во јануари.
Според „Дејли рекорд“, спортскиот директор на Лацио, Игли Таре ја следи ситуацијата и е подготвен за трансфер доколку Ренџерс не ја искористат опцијата. Генк би прифатиле понуда од 10 до 12 милиони евра за него. Младиот Хаџи беше фудбалер на Барселона од јуни 2016 до јануари 2018 година, но немаше многу простор за игра.