Top Sport

Шефот на УФЦ, Вајт жртва на уцена со секс-лента

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт се најде во центар на скандал со обид за изнуда на 200.000 долари, откако 42-годишниот Џошуа Рамос во партнерство со неговата девојка, засега неименувана стриптизета имале видео во кое Вајт има секс со девојката.

Рамос, кој е личен тренер по професија, отслужил едногодишна затворска казна за изнуда, но сега го тужи Вајт за прекршување на договорот од април 2016 година според кој требал да добие 450.000 долари за необјавување на името на Вајт во случајот.

„Само што дознав за оваа срање тужба поднесена против мене. Овој човек заврши во затвор поради обид за изнуда пред пет години, а сега се обидува да добие 10 милиони долари од мене. Не доби пари од мене минатиот пат и нема да добие ниту сега“, се вели во објавата на Вајт.

Рамос, кој тврди дека никогаш не побарал пари од Вајт, исто така ги обвинува адвокатите на Вајт дека давале неточни информации за него на ФБИ во текот на истрагата. Името на Вајт првично било изземено од истрагата која го смести Рамос во затвор.

Scroll to Top