Кружниот напаѓач на Црна Гора, Младен Ракчевиќ, кој добар дел од кариерата мина во Металург и Вардар, емотивно го најави вечерашниот дуел на неговата репрезентација со Македонија.
По првите натпревари во групата Македонија има една победа, а Црна Гора еден пораз. „Црвено-жолтите“ ја победи Словенија 25:24, а „соколите“ беа декласирани од Германија 19:32.
Ракчевиќ на својот профил на „Фејсбук“ напиша.
„Денешниот натпревар за мене е специфичен дури и за гледање. Со сите тие играчи од Македонија со години го делев истиот леб. Живеевме заедно, делевме добро и лошо. Не е тајна дека по Црна Гора најмногу ја сакам Македонија, таму минав еден преубав период од мојот живот, целосно се афирмирав како играч. Сепак денеска ќе посакам да победи мојата Црна Гора, а на моите Македонци им посакувам да дојдат до финалето на Европското првенство“.
Натпреварот Македонија-Црна Гора ќе започне во 20:30 часот. Претходно во Ц-групата ќе играат Германија и Словенија.