Top Sport

Суарез: По гризењето на Кјелини, Барса уште ме сакаше

Луис Суарез верувал дека неговиот трансфер од Ливерпул во Барселона нема да се оствари откако го гризна Џорџо Кјелини во една од најбизарните случки на Светското првенство во 2014 година.

Уругвајскиот напаѓач доби суспензија од четири месеци од сите фудбалски активности, како и девет меча забрана за настап за Уругвај откако го гризна Кјелини во последниот меч по групи во Бразил, кој го добија со 1:0 за пласман во осминафиналето, каде што загубија од Колумбија.

Ова беше трет таков инцидент на Суарез, откако доби слични суспензии како играч на Ајакс и Ливерпул.


Сепак, тоа не ја спречи Барса да плати 75 милиони фунти и да го донесе на „Ноу Камп“, каде што со нив освои две националнит титули и една од Лигата на шампионите.

„Откако го направив тоа, првото низ главата ми помина дека нема да одам во Барса. Постигнавме гол десетина минути потоа (преку Диего Годин), но не славев бидејќи веќе мислев на последиците. Отидов во соблекувалната и веднаш зборував со мојата жена, која беше таму со децата. Таа ме праша што направив и очигледно не сакав да ја прифатам реалноста“, изјави Суарез во интервју со својот колега од Барселона, Жерар Пике.

Суарез вели дека вечно ќе биде благодарен на Барселона што го направиле трансферот.

„Неколку дена потоа, пред да ме исфрлат од превенството, зборував со Андони Зубизарета и со претседателот на Барселона и тие ми кажаа дека уште ме сакаат. Искрено, тогаш плачев. Бидејќи тие ме прифатија и беа добри со мене, секогаш ќе бидам благодарен на клубот“, вели Суарез.

Scroll to Top