Француската тениска федерација (ФФТ) објави програма за помош на тенисерите и турнирите од 35 милиони евра за поддршка во време на кризата со корона вирусот.
Професионалниот тенис е на пауза барем до средината на јули по откажувањето на Вимблдон и целата сезона на трева, додека Франција опен на Ролан Гарос е преселен на есен со старт на 20 септември.
Поради ваквата ситуација, повеќе од половина од заработувачката од 70 милиони евра од минатогодишниот Ролан Гарос ќе бидат потрошени за помош на тенисерите.
„Со планот ќе треба да се помогне на тие кои се соочени со сериозни финансиски тешкотии поради здравствената криза, во прв план тениските клубови, тениските учители и судии и француските професионални тенисери“, се вели во соопштението на ФФТ.