Top Sport

Семејството Латифи финансиски го спасува тимот на Вилијамс

Канадскиот бизнисмен Мајкл Латифи, татко на возачот Николас Латифи, заедно со „ХБСЦ банката“ помогна да се „спаси“ славниот Формула 1 тим на Вилијамс, обезбедувајќи заем за тимот да може да постои да функционира.

Малку загрижувачки заемот е обезбеден со залог на фабриките, земјиштето и машинеријата на поранешните шампиони, како и од колекцијата од над 100 стари победнички болиди. Латифи го зголемува својот влог во Формула 1, откако претходно откупи 100 милиони долари акции во Мекларен.

„По продажбата на ’Вилијамс адвансд инженеринг’ на крајот на 2019 почнавме процес на рефинансирање, и сега одлучивме да го направиме тоа преку конзорциум на позајмувачи. Со овие средства добиваме шанси да одиме напред“, изјави потпретседателот на тимот, Клер Вилијамс.

Латифи е вклучен во договорот преку компанијата Латрус рејсинг, која ја основаше во 2012 и која во прв план работи на тркачката кариера на неговиот син Николас, кој оваа сезона доби шанса во првиот тим покрај Џорџ Расел, носејќи со себе голем број на спонзори.

Scroll to Top