Top Sport

Го прекршил карантинот за да го види новиот стадион, клубот го наградил

Пензионер во Грција е казнет од државата затоа што во период на карантин го напуштил својот дом за да провери како напредува изградбата на новиот стадион на фудбалскиот клуб АЕК.

85-годишниот Константинос кој е верен навивач на клубот бил казнет со 150 евра од државата затоа што излегол од дома во тек на карантин, а притоа има повеќе од 65 години.

„АЕК ми е првата љубов. Секогаш сакав да бидам на теренот, а на стадионот ги носев моите деца. Го носев и најстариот внук, а работата на новиот стадион тогаш уште не беа започнати. Сега сум престар и само сакав да видам каков е новиот стадион, затоа што живеев на стариот. Се наежив кога видов каков е новиот стадион“ – изјавил Константинос за грчките медиуми.

АЕК со изградбата на стадионот „Света Софија“ ќе заврши во 2021 година, а Управата на клубот не само што ја платила казната за верниот навивач, туку и сопственикот на клубот го наградил со сезонска карта за идната сезона.

Scroll to Top