Top Sport

Ракометар на Веспрем е заразен со коронавирус!

Играчите на унгарскиот ракометен клуб Веспрем беа подложени на корона-тестирање и добија можност да ја напуштат земјата затоа што унгарското ракометно првенство е суспендирано.

Од клубот соопштија дека еден од ракометарите, чие име засега не се објавува, бил позитивен на коронавирусот.

„Пред играчите да заминат дома, беа подложени на тестирање за коронавирусот. За жал, еден од нашите играчи беше позитивен и сместен е во карантин во својата куќа. Играчот и семејството се комплетно асимптоматични. На барање на нашиот ракометар, нема јавно да го именуваме, а од клубот му посакуваме побрзо закрепнување“ – се вели во клупското соопштение.

Во екипата на Веспрем настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, а таму се и екс-вардарците, Арпад Штербик, Родриго Мораеш Фереира, Вуко Борозан, кондицискиот тренер Марија Лојаница и тренерот на екипата, Давид Дејвис.

Играчите на Веспрем изминатиот период немаа тренинзи, вежбаа во домашни услови.

Scroll to Top