Top Sport

Руни ја доби легалната битка за паркирање на својот трактор

Најдобриот стрелец на англиската репрезентација и на Манчестер јунајтед, Вејн Руни по 21 месец ја доби легалната битка за паркирање на својот трактор и за складирање на бали сено во неговиот нов посед во Чешајр.

Фудбалерот на Дерби каунти, Вејн, заедно со сопругата Колин и четирите сина уште не се преселени во домот од три ката во близината на Натсфорд, но се очекува да го направат тоа во следните неколку месеци, и сега го доби случајот пред локалниот совет за да може да го паркира својот трактор и да складира сено, потврдувајќи ги шпекулациите дека планира да се посвети на фармерски живот по крајот на фудбалската кариера.

Вејн Руни станува земјоделец?

Scroll to Top