Top Sport

Сањол: Баерн не сакаа да дадат 5 милиони евра за Варан

Поранешниот француски репрезентативец Вили Сањол открива дека не успеал да ги убеди германските шампиони Баерн Минхен да го ангажираат Рафаел Варан, бидејќи не сакале дададат ниту 5 милиони евра за тогашниот фудбалер на Ленс.

Варан беше сметан за еден од најталентираните млади одбранбени играчи во Ленс, нешто што го заинтересира Жозе Мурињо на „Сантијаго Бернабеу“ и тој успеа да го донесе во летото 2011 година, кога на Варан на 18 години му дадоа шестогодишен договор. Оттогаш, тој има 301 настап и 17 големи трофеи со „кралскиот клуб“.

Сањол во тоа време работеше како скаут во Баерн, и сега се потсетува дека Баварците не сакале дададат ниту 5 милиони евра за Варан иако тој им го препорачал.

„Кога бев во Баерн еден пријател ми се јави и ми кажа дека мора да одам во Ленс да гледам еден супер-интересен фудбалер. По само едно полувреме го забележав колку е зрел фудбалер. Првото полувреме играше како дефанзивен играч од средниот ред, а во второто во централната одбрана. Имав некои врски во Ленс и за 48 часа добив цена со дополнителен пријателски меч меѓу двата тима, што ќе не чинеше помеѓу 4 и 5 милиони евра. Но, во Баерн сметаа дека тоа се многу пари за 18-годишник. За два месеци, тој отиде во Реал за 10 милиони. Сигурен сум дека тој не жали за кариерата, но за мене беше многу фрустрирачки. Тој можеше да биде 10-12 години срцето на одбраната на Баерн“, вели Сањол.

Scroll to Top