Тренерот на Сампдорија, ветеранот Клаудио Раниери не ги заборавил своите фудбалери за време на велигденските празници, праќајќи им персонализирани велигденски јајца и подароци за нивните деца.
68-годишниот Раниери според весникот „Ил секоло 19“, во соработка со локална пекара од Џенова договорил чоколадните јајца да бидат доставени до сите членови на тимот, а тоа го надополнил со подароци за најмалите во обид да се крене моралот за време на карантинот поради корона вирусот. Весникот тврди дека Раниери, кој славно освои титула со Лестер во Премиер лигата, е единствениот тренер во Серија А кој направил ваков гест.
На 13 меча пред крајот на сезоната 2019/20, Сампдорија е на само еден поен од зоната за испаѓање, откако оваа сезона имаат 7-5-13 скор.