Top Sport

Хабиб подготвен: Септември не е далеку! И во мир подготвувај се за војна

Хабиб Нурмагомедов најави дека е подготвен за враќање во октагонот во септември за долгоочекуваниот дуел со Тони Фергусон откако нивната пресметка на УФЦ 249 пропадна поради епидемијата на корона вирусот.

Хабиб прво мораше да се повлече од пресметката на 18 април откако „заглави“ во Русија, по што УФЦ се обиде да организира меч помеѓу Фергусон и Џастин Гетџи на „индијанска територија“ во Калифорнија, пред и тоа да „пропадне“. Што тоа значи за оригиналниот дуел Хабиб-Фергусон останува нејасно, но сега Дагестанецот најавува враќање во септември преку  Инстаграм.

„Септември не е толку далеку. Иако е тешко да се верува дека сè ќе биде завршено до септември, некој умен човек кажал: И во мир, мораш да бидеш подготвен за војна“, напиша Хабиб.

Поради својата вера, Хабиб не се бори за време на Рамазан, кој оваа година е од 23 април до 23 мај, а за подготовки за меч по постите му се потребни барем два месеци.

Scroll to Top