Top Sport

Тод не планира уште еден мандат на чело на ФИА

Жан Тод има уште нешто повеќе од една година од мандатот како претседател на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) во период кој е посебно тежок за сите авто-мото спортови. И покрај ова, Французинот не планира да остане на чело на федрацијата подолго време.

Тод започна како со-возач во рели трките во 1960-тите, пред во 1980-тите да стане шеф на рели тимот на Пежо. Во 1990-тите тој се приклучи на Ф1 тимот на Ферари предводејќи ги во најславниот период во историјата, пред во 2008 да го замени Макс Мозли како претседател на ФИА. Бидејќи според статутот на федерацијата, еден претседател може да има само три мандати, Тод ќе ја започне последната година на владеењето во 2021.

„Дури и да го побараат од мене тоа, нема да го сменам статутот на ФИА за да останам повеќе од моите три мандати. Иако го сакам тоа што го работам и благословен сум со многу страст и енергија“, вели Тод.

Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер е еден од луѓето чие име се поврзува со оваа функција веќе неколку години.

Scroll to Top