Тотенхем се откажаа од контроверзната одлука да го користат планот на британската влада со помош со исплата на 80 отсто од платата на своите вработени, потврдувајќи дека ќе ја плаќаат целосната плата од сопствени средства.
„Одлучивме дека сите вработени кои не се фудбалери, без разлика дали се на привремено време или постојано вработени, да добиваат 100 отсто од платата за април и мај. Само бордот на клубот ќе добие намалени плати“, се вели во соопштението на клубот.
Тотенхем се вториот англиски клуб кој се „предомислува“ околу користењето на помошта од владата, откако истото го направија и Ливерпул, по големите критики од поранешните фудбалери. Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви призна дека погрешно ја процениле ситуацијата.
„Критиките кои клубот ги доби последната недела болеа повеќе поради нашата историја на добри работни места и одговорност за тие кои сметаат на нас, посебно во локалната заедница. Нашата намера беше само да ги заштитиме работните места и клубот самостојно да ја помине кризата. Жалиме што ги загриживме вработените“, вели Леви.