Адријано Галијани, соработникот на Силвио Берлускони, и поранешен директор на Милан, вели дека се кае за две работи во неговото владеење – што не ги донел Алесандро дел Пјеро и Кристијано Роналдо кај „росонерите“.
Галијани помина 31 година како менаџер на Милан со Берлускони, период во кој освоија пет европски титули од 1986 до 2017 година.
„Кога пристигнавме, Милан имаше финансиски проблеми, но имаше добар тим. Потпишавме со Руд Гулит и Марко ван Бастен веднаш, а следната година дојде Франк Рајкард. Тоа веќе беше шампионски тим. Кака секогаш ќе остане како посебен фудбалер во моето срце, но големи беа и Шевченко, Роналдињо, Веа, Бобан, Савичевиќ. Имаше многу“, вели Галијани.
75-годишниот ветеран, кој сега со Берлускони го води третолигашот Монца, вели дека имаше две големи „утки“.
„Карлос Тевез требаше да дојде, но не се појави. Имавме договор со Роберто Баџо пет години пред да дојде во Милан. Се обидовме да го добиеме Дел Пјеро пред да отиде во Јувентус, и тој е еден од двајцата фудбалери за кои се каам што не потпишав. Падова ни го нудеа за тогашни 5 милијарди лири, што беше многу пари за млад фудбалер и не бевме убедени. Истата грешка ја направивме и со Кристијано Роналдо – тој имаше 16 години, а Спортинг бараа 16-17 милијарди. Се обидовме да зборуваме и со Тоти, но веднаш стана јасно дека тој никогаш нема да замине од Рома“, открива Галијани.