Top Sport

Фудбалските сезони ќе завршат во јули, европските натпреварувања во август?

Шпанското радио „СЕР“ тврди дека УЕФА се договорила со елитната Европска асоцијација на клубови (ЕЦА) за фудбалските европски лиги да се доиграат во јули, по што би следела завршница на Лигата на шампиони и Лига Европа во август, со можно менување на форматот. По ова ќе следуваат само 21 ден одмор за фудбалерите во септември.

Се очекува до летото ситуацијата со корона вирусот да се подобри и да може да се игра фудбал со одредени ограничувања – фудбал без публика, а можно е и менување на форматот на европските натпреварувања.

Според „СЕР“, УЕФА и асоцијацијата на најбогатите и најмоќните европски клубови се согласиле за два предлози за финиш на европските натпреварувања – еден наместо два меча на неутрален терен за побрзо завршување и доделување на трофеите.

Scroll to Top