Францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) има контроверзен план за комплетирање на ракометната сезона, со организирање на фајнал-фор турнири кои би биле составени од победниците во групната фаза, што значи дека Вардар би ја предал европската титула без борба.
Фајнал-форот во машката ЛШ е одложен за 23 август за мажите во Келн и на 6 септември за жените во Будимпешта, додека планот за четврт-финалињата е тие да се одиграат во јуни, кога Вардар би требало да се судри со Пик Сегед.
Сепак, според „Л’Екип“ постои и „план Б“ според кој само првопласираните две екипи од елитната група (А и Б) би влегле на фајнал-фор, односно тоа би биле Пари Сен-Жермен, Кил, Барселона и Веспрем.
Si les quarts de finale d’ @ehfcl ne peuvent pas se jouer, l’EHF a son plan B… qui qualifierait directement @MetzHandball , @BBH_Officiel et le PSG au Final Four https://t.co/kP5nJXfnzh via @lequipe pic.twitter.com/2rFgrSU24Z
— Pierre Menjot (@p_minjo) April 13, 2020