Бордот на Барселона, по попладневниот видео-состанок на 13-те члена, потврди дека ќе поднесе кривична пријава против поранешниот потпретседател на клубот, Емили Русод поради неговите „сериозни и неосновани“ обвинувања за крадење од клубот.
Ова е уште еден чекор во кризата во која западна каталонскиот гигант, откако шест члена на бордот си поднесоа оставки поради несогласување со правецот во кој се движи клубот за време на пандемијата на корона вирус, а Русод обвини дека некој го крадел клубот преку скандалот со ангажирање на фирми за водење на социјалните мрежи на клубот.
„Барселона категорично ги отфрла обвинувањата за корупција и не може да остане нема на овие обвинувања кои сериозно го нарушуваат имиџот на клубот. Кривичната пријава ќе биде за заштита на репутацијата на клубот и сите во него“, се вели во соопштението на клубот.
На состанокот исто така се избраа и нови членови на бордот – Жорди Моикс, еден од најблиските соработници на претседателот Жозеп Марија Бартомеу, Пау Виланова, Ориол Томас, Марта Плана и Давид Белвер.
Досегашниот потпретседател на Барса обвинува: Некој крадеше од клубот