Top Sport

Европскиот боксерски шампион се „нокаутираше“ самиот себе (видео)

Европскиот шампион во супер-лесна категорија, Британецот Сем Максвел се посрамоти и остана со модро око, откако се удри себеси при обид на Инстаграм да објасни како се упатува боксерски аперкат.

31-годишниот Максвел, кој ја одбрани европската титула со нокаут над Конор Паркер во ноември, како многу спортисти во текот на „карантинот“ поради корона вирусот ги врши тренинзите дома и во обид да им покаже на фановите дел од триковите кои ги знае.

Во обид да покаже како се доаѓа до совршен аперкат удар, по една комбинација тој се „нокаутираше“ самиот себе и веднаш падна на колена, а неговото око почна да се затвара.

„Мојата програма за вежбање на Инстаграм е затворена“, напиша подоцна боксерот на Инстаграм.

Scroll to Top