Top Sport

Шчесни: Италијанските медиуми се „навртени“ против Јувентус

Полскиот голман на Јувентус, Војчех Шчесни смета дека неговиот клуб е нефер критикуван од страна на медиумите, кои само ги бројат пеналите кои требало да бидат досудени против „бјанконерите“.

Шчесни како пример ги посочи извештаите на судиите во Италија, каде што се признава дека оваа сезона погрешно се дадени пенали на Лече и Торино против Јувентус.

„Не, никој не зборува за тоа, медиумите сакаат само да зборуваат кога треба да се досуди пенал против Јувентус“, вели Шчесни за „Тутоспорт“.

Scroll to Top