Рони О’Саливен вели дека чувствувал „вртоглавица“ и покрај тоа што го уништи Марко Фу со 6:0 за пласман во четврт-финалето на Мастерсот во Лондон.
42-годишниот О’Саливен, кој ќе се обиде да го зголеми рекордот од осум Мастерс титули имаше три „сенчри“ брејка, додека Фу во првите четири фрејма воопшто не успеа да внесе ниту една топка, и освои пет поени поради фаул на Англичанецот.
На крајот, О’Саливен имаше 649 поени во споредба со 35 на Фу во меч кој траеше само час и 22 минути.
„Да бидам искрен, навистина ми беше тешко. Имам некој вирус и чувствував вртоглавица“, вели О’Саливен.
Half an hour played. Two Frames. Two Centuries ??@ronnieo147 has started well #DafabetMasters pic.twitter.com/E82fKSxI4z
— World Snooker (@WorldSnooker1) January 16, 2018
Just rude ?? #DafabetMasters pic.twitter.com/OarU9w4rUy
— World Snooker (@WorldSnooker1) January 16, 2018
.@ronnieo147 is playing in another universe right now.
Watch total mastery LIVE on @BBCTwo #DafabetMasters pic.twitter.com/TN7FklVASL
— World Snooker (@WorldSnooker1) January 16, 2018