Новак Ѓоковиќ честопати зборуваше дека Италија му е блиска до срцето, посебно со настапите на Мастерсот во Рим, а таму беше и добар гостин, кога лани настапи на фестивалот Сан Ремо, а сега од зборови премина на дела, донирајќи „огромна сума“ на Бергамо во борбата со корона вирусот.
Петер Асембергс, шефот на санитет во Бергамо, за италијанските медиуми објаснува дека се зачудил кога ја видел сумата која светскиот рекет број 1 ја донирал на болниците Тревиљо-Караваџо и Романо ди Ломбардија, двете најпогодени клиники од болеста.
„Ѓоковиќ има златно срце и никогаш не престанува да биде дарежлив. Најдобрите луѓе ја даваат помошта тивко, не се рекламираат, а јавноста не знае што прават. За љубовта кон Италија дознавме не од него, туку од други личности. Најдобриот светски тенисер кога ги слушна вестите од Ломбардија, помогна. Не очекував да го видам неговото име на листата на донатори, а сумата беше огромна. Се надевам дека набргу ќе можам да го гушнам“, изјави Асембергс.
Иако докторот не откри за која сума се работи, италијанските медиуми тврдат дека се работи за импресивни милион евра.
Претходно, Ѓоковиќ донираше милион евра за респиратори на неговата татковина, Србија.
Tennis, coronavirus: dalla famiglia Djokovic donazione agli ospedali di Bergamo https://t.co/c3R9BWutxh
— Repubblica (@repubblica) April 15, 2020
Djokovic dona un milione di euro agli Ospedali di Bergamo
Peter Assembergs, direttore dell’ASST di Bergamo Ovest: ci sono arrivate donazioni importanti anche dall’estero ma la sua è quella che mi è rimasta più impressahttps://t.co/JiICUc9cIA
— ilnapolista (@napolista) April 15, 2020