Арсенал го договориле првото засилување за летниот преоден рок. Кога ќе биде отворен преодниот рок играч на „топџиите“ ќе стане левиот бек на Пари Сен Жермен Лајвин Курзава.
Англиските медиуми објавија дека Курзава договорил пет годишна соработка со Арсенал. 27 годишниот фудбалер за место во тимот ќе се бори со Киран Тирни што значи дека „Емирејтс“ ќе го напушти репрезентативецот на Босна и Херцеговина Сеад Колашинац.
Следна цел на менаџерот Микел Артета е уште еден фудбалер од Франција. Станува збор за централниот дефанзивец на Ремс Аксел Дисаси.
На радарот на Арсенал се уште двајца играчи од редот за врска, Карлос Солер од Валенсија и Томас Парти од Атлетико Мадрид. Исто така клубот бара алтернатива за Пјер-Емерик Обамејанг доколку тој побара трансфер.
Желба на клубот е Лука Јовиќ од Реал, а во комбинација бил и Усман Дембеле доколку Барселона се согласи на размена Обамејанг за Дембеле.