Армани Милано во екот на кризата започале да го сотавуваат тимот за наредната сезона. Меѓу шестмината од актуелниот тим на кои Еторе Месина смета и за наредната сезона ги нема најскапиот играч Немања Недовиќ и ветеранот Луис Скола.
Тројца од играчите кои ќе останат во Милано се Италијнци (Андреа Чинчарини, Пол Билига и Рикардо Мораскини), а тројца се странци (Серхио Родригез, Артурас Гудаитис и Владимир Мицов).
Приоритет на Месина за наредната сезона ќе бидат трансферите на Малком Дилејни од Барселона и Едгарас Улановас од Жалгирис.