Top Sport

Хилкенберг: Хамилтон да се покаже и да дозволи намалување на неговата плата

Време е Луис Хамилтон да остане зад своите критики на Ф1-газдите со изјавата „Кешот е крал“ и да добие драстично помала плата од Мерцедес, вели поранешнио Ф1 возач, Нико Хилкенберг.

Поради откажувањето на низа трки, Ф1 тимовите се наоѓаат под финансиски притисок и дел од тимовите решија да ги пратат своите вработени на британската владина програма за социјална помош, а дел од тимовите ги намалија платите на воачите – Карлос Саинс и Лендо Норис од Мекларен, Џорџ Расел и Николас Латифи од Вилијамс, Серхио Перез и Ленс Строл, како и Даниел Рикардо од Рено.

Сепак, тие кои земаат најголеми плати, уште не го направија тоа – Луис Хамилтон во Мерцедес и Себастијан Фетел во Ферари.

Хилкенберг го потсетува Хамилтон за неговото обвинување дека „Либерти медија“ ги интересира само кешот со инсистирањето да се тркаат во Австралија, трка која сепак не се оддржа.

„За мене е лесно да зборувам бидејќи тоа не ме засегнува, но мислам дека возачите треба да ги поддржат своите тимови, посебно кога компаниите се борат за опстанок. Во фудбалот е така. Не за да се даде пример за другите, туку да се овозможи другите вработени да си ја добиваат редовната многу пониска плата. Луис може да покаже што мисли сега за ’Кешот е крал’“, вели Хилкенберг.

Scroll to Top