Top Sport

Фетел ќе добие нов договор?

Себастијан Фетел најавил пред одржувањето на првата трка оваа година ќе се договори со Ферари околу новиот договор. Договорот на Германецот со Скудерија Ферари истекува на крајот на сезоната 2020. Според медиумите до крајот на овој месец треба да биде познато дали тој ќе остане во Ферари.

„Во моментов знам дека треба да имаме трпение. Се зависи од тоа кога ќе се одржи првата трка, иако постојат големи шанси и пред тој викенд да донесеме одлука. Во овој момент с ечини дека сезоната најрано може да започне во јуни“, рекол Фетел и дополнил.

„На знам колку би траел новиот договор. Ќе треба да најдеме заеднички интерес со тимот“.

Сезоната во Ф1 се уште не е започната, поради коронавирусот одложени се првите девет трки, а под знак прашалник е првата наредна трка, Големата награда на Франција.

Scroll to Top