Top Sport

Далиќ ги одбил арапските милиони

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска Златко Далиќ и во иднина ќе остане на функцијата. Далиќ ја одбил понудата да стане селектор на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Челниците на ОАЕ наводно на Далиќ му понудиле годишна плата од пет милиони евра, меѓутоа 53 годишниот тренер ја одбил понудата.

„Спортске новости“ објавија дека тој веќе се договорил со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ФСХ) Давор Шукер да остане на функцијата до завршувањето на Европското првенство во 2021 година.

Актуелниот договор на Далиќ со ФСХ истекува во три месеци. Двете страни ќе потпишат нов едногодишен договор, а Далиќ ќе добие бруто плата од еден милион евра.

Scroll to Top