Џанлуиџи Буфон (42) нема намера да замение во пензија. Легендарниот голман се договорил со Јувентус да го продолжи договорот.
Буфон во телефонски разговор со првиот човек на клубот Андреа Ањели се согласил да го продолжи договорот на уште една сезона. Договорот ќе биде официјализиран кога ќе играчите ќе започнат со тренинзите.
„Тутоспорт“ тврди дека постои голема веројатност Буфон да ја продолжи кариерата и откако ќе заврши сезоната 2020/2021.
Буфон оваа сезона му е резерва на Војчех Шчешни, настапил ан 11 натпревари, на три од нив не примил гол.