Top Sport

Легенда на Лидс и Англија почина од КОВИД-19

Легендарниот фудбалер на Лидс Јунајтед Норман Хантер почина на 76 годишна возраст. Светскиот првак со Англија во 1966 година починал од коронавирусот.

Норман минатата недела бил хоспитализиран. Веста за неговата смрт ја соопшти Лидс Јунајтед.

„Неговата смрт остави голема празнина во нашето семејство. Неговиот печат никогаш нема да биде заборавен“, објави Лидс.

Хантер со Лидс Јунајтед два пати бил шампион на Англија, исто така бил дел од репрезентацијата која во 1966 година стана светски првак.

Scroll to Top