Арон Афлало, кошаркарот на Орландо Меџик, физички се обиде да се пресмета со Србинот Немања Бјелица, на натпреварот кој неговиот тим го играше против Минесота Тимбервулвс.
Инцидентот се случи во 17.минута кога Афлало тргна кон Бјелица кога овој го градеше својот кош.
Србинот успеа да го фати Афлало, а потоа брзата реакција на соиграчите спречи поголем инцидент.
Двајцата играчи потоа беа исклучени, а НБА лигата дополнително ќе се произнесе со казните.
Инаку победата на овој меч ја однесе Орландо 108:102. Блескаше францускиот репрезентативец Еван Фурније со 32 поени, додека на споротивната страна најдобар беше Џими Батлер со 28 поени, 7 скока, 4 асистенции и 5 украдени топки.