Садио Мане може да направи трансфер во Реал Мадрид за „година-две“, вели неговиот колега од сенегалската репрезентација Кеита Балде, кој додава дека не очекува тој да остане во Ливерпул засекогаш.
Напаѓачот е речиси четири години на Мерсисајд, и има 161 настапи и 77 голови во дресот на „црвените“, но оваа година повторно се појавија вестите дека Реал Мадрид ќе се обидат да го донесат и покрај тоа што тој има договор до 2023 година. Фудбалерот на Монако, Балде вели дека тоа е неизбежно.
„Садио е фантастично момче и го заслужува најдоброто. Тој е скромен и сè оствари сам и заслужува да биде во најдобрите тимови. Кога сме заедно не зборуваме за фудбалот, туку за други работи. Но, знам дека во Ливерпул го сакаат, дека тренерот му дава доверба, така што треба да има атрактивна понуда за да си замине. Голем клуб кој би му ветил многу. Но, не верувам дека сака да биде таму засекогаш, и Мадрид би можеле да го добијат за година-две“, вели Балде во интервју за „АС“.