Top Sport

Шведски фудбалер го открива „пеколот“ на корона вирусот

Шведскиот фудбалер на Одеволд, Камeл Мустафа имаше емотивно објаснување за тоа како е навистина кога си болен од корона вирусот.

Поранешниот младински шведски репрезентативец открива дека прво имал болки во грлото, а набргу го загубил чувството за вкус, пред на 3 април да биде примен во болницата „Молндал“ поради температура од 41 степени.

„Се сеќавам дека зборуваа на телефон со мене постојано додека не дојде помошта. Не знам за што зборуваа, и следно на што се сеќавам беа луѓе во заштитни костуми како стојат над мене и ми ставаат маска. Во болницата почна пеколот. Толку горев, што сакав да ја скинам кожата. Никогаш во животот не примив толку инјекции, а ме прегледуваа секој час. Јас не се плашам од ништо, но тоа беше најстрашното нешто во мојот живот. Не можев да спијам ниту со апчиња, и ако ги затворев очите, престанував да дишам“, вели 28-годишниот фудбалер.

Шведска останува една од ретките земји кои не се реши да применува стриктни мерки на изолација, по што дури 12.000 луѓе беа позитивни, од кои 1.333 починаа, многу повеќе во споредба со другите нордиски земји според популацијата.

Scroll to Top