Милан ги повика сите свои фудбалери кои во моментов се во странство да се вратат во Италија, во исчекување на стартот на тренинзите на почетокот на мај.
Во Италија постои оптимизам дека клубовите од Серија А ќе можат да почнат со тренинзи во мали групи на 4 мај, пред крајот на карантинот, и според „Ла газета дело спорт“, Милан им дал краен рок до следниот четврток фудбалерите да се пријават во клубот.
Според весникот се работи за Златан Ибрахимовиќ, Рафаел Леао, Хакан Чалханоглу, Симон Кјер, Асмир Беговиќ и Лукас Пакета, а не е јасно дали се бројат и Анте Ребиќ и Френк Кеси. При враќањето во Италија, тие ќе мораат, како и сите кои влегуваат во земјата, да поминат домашна изолација од две недели.
Претходно, италијанските медиуми објавија дека и Јувентус му порачале на Кристијано Роналдо дека е потребно да се врати во Торино за да почнат подготовките.