Top Sport

НБА играчите од 15 мај ќе добиваат 25 отсто помала плата

НБА лигата и Асоцијацијата на кошаркари во НБА (НБАПА) се блиску пред договор со кој кошаркарите ќе добиваат 25 отсто помала плата почнувајќи од 15 мај како последица на кризата со корона вирусот, јавува „ЕСПН“.

Формалното потпишување на договорот уште не е направено, но „ЕСПН“ го откри планот за постепено намалување на платите  со активирање на условот во колективниот договор за „виша сила“ која ги спречува натпреварувањата.

Кошаркарите би добиле целосна плата на 1 мај, а потоа би следувало постепеното намалување на платите, кои ќе зависи од тоа колку мечеви ќе бидат откажани. Засега, НБА, иако нема мечеви од 11 март, уште нема официјално откажано ниту еден меч, а кошаркарите веќе се информирани дека до 15 мај ќе се знае судбината на сезоната.

Scroll to Top