Некогаш најдобриот фудбалер во светот Роналдињо Гаучо дефинитвно реши да стави крај на својата кариера.
Легендарниот Бразилец, претходно соопшти дека сака да најде уште еден клуб каде би играл до крајот на годината и потоа да стави крај на кариерата.
Роналдињо нема одиграно официјален натпревар упте од септември 2015 година кога го носеше дресот на Флуминенсе.
„Завршив со фудбалот. Сега сакам да направам нешто убаво по Светското првенство, односно да направиме проштална турнеја од Бразила, преку Европа до Азија“, рекол неговиот брат и менаџер Роберто Асис.
Еден од најдобрите во историјата на фудбалот, а веројатно најгомениот уметник меѓу фудбалерите, кариерата ја започна во Гремио, потоа играше во ПСЖ, а од Парзи замина во Барселона каде ги досегна најголемите височини.
Од 2003 до 2008 година со Барселона освои две титули во Примера, една во Лигата на шампионите, а во 2005 година беше прогласен за најдобар играч во светот.
Откако замина од Барселона во наредните години играше за Милан, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе.
За репрезентацијата на Бразил одиграл 97 натпревари, постигнал 37 гола и во 2002 година стана светски првак на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја.