Top Sport

Мурињо ќе добие нов договор

Менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо е блиску до потпишување на нов договор со великанот од „Олд Трафорд“.

Како што пренесе британскиот сервис Би би си, преговорите помеѓу двете страни добро напредувале и било прашање на денот кога Португалецот ќе го стави својот потпис на новиот договор.

Мурињо во 2016 година потпиша тригодишен договор, а се шпекулира дека со новиот договор на „Олд Трафорд“ ќе остане до 2021 година.

Англиските медиуми изминатте денови шпекулираа дека тој бил возменирен поради буџетот со кој ќе располага во преодниот рок, но Мурињо тоа веднаш го демантираше.

Јунајтед во овој преоден рок е заинтересиран за ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез и подготвен е да плати одредена сума, иако договорот му истекува по завршувањето на сезоната кога ќе стане слободе играч.

Англичаните објавија дека Санчез на „Олд Трафорд“ ќе стане најплатениот играч во Премиер лигата, со неделна плата од 400.000 фунти.

Жозде Мурињо во својот досегашен мандат во Јунајтед има освоено три трофеи: Комјунити шилд, Лига куп и Лига Европа.

Scroll to Top