Top Sport

Вавринка со среден прст за Ѓоковиќ, за шорцот од Ролан Гарос 2015. (фото)

Навивачите на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј имаа можност да уживаат во разговорот меѓу двата тениски асa на социјалните мрежи потсетувајќи се на интересни спортски детали од минатото.

Новак раскажа на што се се сеќава на Ролан Гарос, во 2015 година.


„Спомени од Ролан Гарос? Па, не е поврзано со тенис, туку со облеката на Стен Вавринка. Стен и неговиот шорц“ – рече Ѓоковиќ.

„Да, беше грозен“ – додаде Мареј.

„О мој боже. Стен, ако го гледаш ова, се надевам дека ќе го запалиш тој шорц. Иако мислам дека тој со тоа направи екстра шега, тоа му беше среќен шорц“ – дополни Ѓоковиќ.

Инаку таа 2015-та Вавринка го освои турнирот откако во финалето беше подобар од Србинот.

Вавринка веднаш се јави, па на Новак му покажа емотикон со среден прст.

Scroll to Top